![]() |
Виното е ценет продукт и мислата дека се е минливо,само убавото вино останува е една вистина која се однесува токму на овој производ. Виното е исклучително пријатен пијалок и еден вид на културен и цивилизациски предизвик.Секој регион има свои особености околу тоа како се чува виното, како се служи, начинот на комбинирање на виното со храна,односот- вино и здравје и сл. Според бојата, вината се делат на бели, розе и црни вина, а според процентот на шеќер на суви, полусуви, полуслатки и слатки вина. Според квалитетот поделбата на вина е следна: - Архивски вина, кои се чуваат во подрумски услови најмалку пет години (во тој период треба да одстојат барем три години во шише) или колку е можно подолго од времето на зрелост предвидено за секој одреден тип. - Врвно квалитетните вина се сo контролирано потекло и поседуваат посебно изразени карактеристики својствени за регионот од кој потекнуваат. - Пенливите вина содржат јаглерод диоксид кој предизвикува создавање пена при отворањето на шишето. - Предикатните вина се добиваат со доцна,селективна и ледена берба на грозјето на многу ниски температури. Настануваат во исклучителни години и во специјални услови на созревање. - Доцна берба - вина проиведени од грозје обрано во состојба на целосна зрелост. - Селективна берба - вина направени од внимателно избрано грозје. - Селективна берба на плодови - вина произведени од презреан и племенит вид грозје со мувла. - Селективна берба на сушено грозје - вина кои се прават од сушени плодови. - Ледени вина - произведени од грозје кое се бере на температура од -7 °C и се преработува во смрзната состојба. - Специјални вина, кои се добиваат со специфични методи на обработка, со или без адитиви (вински алкохол, шеќер, миродии за арома и сл). На овој начин се прават десертните, ароматизираните вина и ликер вината. |