![]() |
Македонија е сончева планинска земја во срцето на Балканот. Многу луѓе поради овие убавини ја нарекуваат бисер на Балканот. Климатските услови се под влијание на Средоземното море и планините на северозападот и се карактеризираат со топли периоди и сончеви денови кои создаваат поволни услови за одгледување на винова лоза и производство на вино. Македонските вина поради своите интензивни вкусови и мириси се едни
од најдобрите во овој регион. Во Македонија постојат 35 илјади хектари обработливи површини кои се
погодни за садење на винова лоза. Тука се произведуваат сите врсти на вина: суви и слатки, пенушави и непенушави, црни, бели или розе
вина-ружица. Познатите интернационални сорти како што се Chardoney, Cabernet Savignon и Vranec се користат за производство на разни видови вина на кои им се додаваат овошни ароми од домашно потекло koи на вината им даваат карактеристичен вкус. |