| Mакедонски специјалитети Благодарение на поднебјето,од кое на прво место се издвојува климата погодна за одгледување на овошје, зеленчук и зачини, македонските специјалитети се неверојатено добар спој на намирници (кои за срека сеуште се природни и од домашно потекло), одлични рецепти и македонски менталитет, што резилтира со голема понуда на неодоливи јадења. |
![]() |
Ајвар |
| Најпознат македонски специјалитет е Ајварот кој спаѓа во зимница, но се јаде и како мезе. Се прави од широки црвени пиперки од типот наречен Ajvarka која е најдобра во струмичкиот регион. Во пиперот се додава и варен морков и модар домат, печен и бланширан.Ајварот е добар додаток со сите видови на сирења и месо. Ова мезе добро одговара во комбинација со розе или бели вина. | |
![]() |
Вардарско Грне |
| Уште еден специјалитет е познатото Вардарско грне кое се проготвува со телешко, говедско, свинско, мелено месо, печурки, сланина, моркови, кромид, кои се печат во земјана тава околу 2 часа. Со овој специјалитет препорачуваме јако црно вино. | |
![]() |
Гибаница |
| Постојат неколку начини за подготовка на овој специјалитет. За да се направи Гибаница треба да се имаат кори, спанаќ, сирење, јајца и путер. Кората на врвот се премачкува со путер и се пече. Со овој специјалитет препорачуваме бело вино или розе. | |
![]() |
Македонска погача |
| Македонски погача се подготвена со козјо сирење, а најдобро и најавтентично вкус има доколку се јаде со кисело козјо млеко. Вистинскиот избор со ова јадење е бело вино. | |
![]() |
Мусака |
| Една од главните македонски специјалитети е познатата Мусака, подготвена со компир и мелено месо. Mусаката може да се комбинира со сини домати, кои се сечат во парчиња и печени во масло кои се радат во тава и печат во рерна. Со овој специјалитет препорачуваме црвено вино. | |
![]() |
Сарми |
| Сарма е една од најдобрите македонски специјалитети кои се подготвени со мелено месо, ориз, лозов лист или зелка. Ако се прави сарма од лозов лист тогаш се служи со кисела павлака. И ова јадење се подготвува така што се пече во рерната. Во прилог на овој специјалитет, Ви препорачуваме некое јако црно вино. | |
![]() |
Тавче Гравче |
| Вистинско Тавче-гравче е гравот од сортата тетовец. Оној кој мисли да е доволно да се свари грав, да се додаде запршка и да се потпече во рерна се лаже. Тавче-гравче специјалитетот бара посебено ангажирање и ако е добро подготвено е подобро дури и од цпецијалитетите од школки и печурки. Со Тавче-гравче препорачуваме бело вино, но во случај да се подготвува во комбинација со суво месо може се пие и црвено вино. | |
![]() |
Таратор |
| Македонската и бугарската кујна како заедничко го имаат тараторот, ладна супа или салата од краставицасо лук како додаток и кисело млеко или павлака. тараторот се јаде и во Турција, Иран и Албанија. Оваа предјадење оди најдобро со бело вино. | |
![]() |
Турли Тава |
| Tурли-тава е специјалитет-интересна комбинација на јагнешко, пилешко и свинско месо надополнето со модар патлиџан, пиперки, домати и компири. За ова вкусно јадење потребни се 100 минути ангажман за изработка. Со овој специјалитет се препорачуваат црвени вина. | |
![]() |
Шопска салата |
| Потекло на Шопската салата и денес е предмет на дискусии, но една работа е сигурна- Шопската салата е неодолив додаток кон сите видови на месо спремени во скара. Лути пиперки, сирење, козјо младо сирење или нешто друго по ваш вкус во комбинација со краставица, ја сочинуваат оваа вкусна салата.Со ова јадење е лесно и се препорачува во комбинација со розе вино или бело вино. |