![]() |
Македонската кујна е дел од македонската култура која пак е синоним за карактеристичното гостопримство. Таа се карактеризира со комбинација на обележја од Балканот и Медитеранот, што го прави крајно хетероген нејзиниот состав. Основа на македонска кујна се свежи состојки со добар квалитет и употреба на лековити тревки и зачини. Посебно внимание се обрнува на одгледувањето на зеленчук, па затоа истиот е здрав, вкусен и полн со вкус. Богатата понуда и избор на јадења, почнувајки од месни ,преку рибини специјалитети па се до вегетаријанска храна - сигурно ке ги задоволи дури и најпребирливите дегустатори. Смислата на македонската кујна не е само дегустација на специјалитети и вина, таа е и многу повеќе од тоа. Македонска кујна ја сочунува и атмосферата што се создава за време на подготовката и дегустацијата на храна. |