Македонија е сончева планинска земја во срцето на Балканот. Многу луѓе поради овие убавини ја нарекуваат бисер на Балканот.
Климате е под влијание на Средоземното море и планините на северозапад. Погодната клима се одликува со топли периоди и сончеви денови кои создаваат поволни услови за одлгедување на винова лоза и производство на вино.
Македонските вина поради своите интензивни вкусови и мириси се едни од најдобрите во овој регион. Во Македонија постојат 35 илјади хектари обработливи површини кои се погодни за садење на винова лоза. Тука се произведуваат сите врсти на
вино: суво и слатко, пенушаво и непенушаво, црни, бели и розе
вина-ружица.
Познатите интернационални врсти како што се Chardoney, Cabernet Savignon и Vranec се користат за производство на разни видови
вина на кои им се додаваат овошни аромиод домашно потекло што на
вината им дава карактеристичен вкус.